Премиера

Триото „Харакири“ ја промовираше својата прва песна (Видео)

Триото „Харакири“ ја промовираше својата прва песна. „Спротивниот Крај” вчера излезе на YouTube а нивното прво издание излегува на 20-ти април на Bandcamp.


„Харакири“ е трио од Скопје, формирани се во 2022 година. Грубо кажано триото свири алтернативен рок, но го турка истиот до крајни граници. Членови на составот се: Андреј Димовски – гитара и вокал, Марко Печеновиќ – бас и вокал и Виктор Стојановски – тапани. А официјално се дел од колективот „Гола Планина“.

Тие овој месец заминуваат на регионална турнеја со „Луфтанза“.

25.03 – Kvaka, Beograd
26.03 – Lazino Tele, Novi Sad
27.03 – Mitraljez, Zrenjanin
28.03 – Sxablon – Klub Mladost, Subotica
30.03 – Mochvara, Zagreb

Можеби ќе ве интересира: