Премиера

Васил Гарванлиев ја промовираше првата песна од свој прв англиски албум (Видео)

Македонскиот евровизиски претставник од 2020 и 2021 година, Васил Гарванлиев, продолжува со новости во неговиот живот. После веста за неговата свршувачка, новитет има и на професионален план. Тој ја објави песната „Beautiful“ која е дел од неговиот прв албум на англиски јазик насловен „Porcelain solider“. Автор на првата песна е самиот Васил а целиот албум се очекува да излезе подоцна оваа година.

Започнува ново патување. Првиот сингл од моето EP „Porcelain Soldier“ е oбјавен!

инспириран од латино ритам, попрскан со балкански вкус. ОВа е новото музичко поглавје од мојот живот. Ова е само еден од многуте синглови што ќе се појават во следните неколку месеци. – вели васил.

Во продолжение lyrics видеото кое го објави Васил за песната.

Можеби ќе ве интересира: