Премиера

Владо Јаневски објави спот за најновата песна „Љуби, љуби“ (Видео)

Поп ѕвездата Владо Јаневски го промовирше спотот за неговата песна „Љуби, љуби“. Се работи за нумера од неговиот последен албум, а беше објавена минатата година на роденденот на пејачот. Спотот е сниман минатиот месец на локации во Скопје.

Како и обично музиката и текстот се негови, но овој пат аранжманот и продукцијата ја направи неговиот стар соработник Борис Ѓурѓевиќ, лидерот на легендарната хрватска денс група „Колонија”.

Можеби ќе ве интересира: