Премиера

За 25 годишниот јубилеј „Нокаут“ ја промовираат новата песна “Знаеш ли” (Аудио)

Оваа година е можеби една од најактивните години на групата „Нокаут“ која слави 25 години постоење со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден сингл „Денес, утре, задутре“.

“Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“. Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски, а на миксот и мастерингот се дело на Дарко Димитров во неговото студио „Димитрови“. Песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут.

Дел од турнејата „25 години Нокаут“ беа и настапите во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Демир Капија, Гевгелија, Кичево, Кавадарци…

Можеби ќе ве интересира: