Премиера

„Земи ја носи ја“ нов хит сингл на Љупчо Софрониевски

Единствено што може да се каже за овој искусен артист кој пред неколку дена започна активно да работи на својот музички случај е упорноста во нови победи на Македонската музичка сцена каде во етер ја промовираше новата песна која е во брз диско фанк ритам,а лесна певлива за сечие уво.

Имено неговиот личен опус на композиции и настапи е преголем така што може да нагласиме дека секоја негова композиција е лична карта како артист така што не се двоумевме во изборот кој го направивме и овој пат да промовираме една нова песна која дефинитивно е вистинско уживање.

LJ 2

„Сакам да се заблагодарам на соработниците кој работеа на проектот меѓу кој Гац Николовски,Никола Автовски и нормално Дејан од студио Кларион кој се погрижи да звучи светски“-изјави Љупчо кој додаде дека започна и со снимање на неговиот втор сингл кој ќе е поразличен од другите каде како и првата композиција ќе биде кантавтор.

Имено занимливо е што тој пред 2 дена се врати од извонреден настап од Полска-Краков каде имаше промоција на синглот пред точно 400 луѓе со кој и сам додаде дека бил изненаден од пристапот како ја прифатиле самата композиција што е доволен факт за неговата умешност во она што го работи.

Во продолжение премиерно ви ја претставуваме извонредната композиција која дефинитивно е вистински погодок во вистинско време за кој публиката е желна за нешто ново.

Можеби ќе ве интересира: