Премиера

Жељко Бебек објави дует со синот Звономир: „Какав отац такав син“ (Видео)

Легендарниот Жељко Бебек реши на својот роденден да објави нов сингл и спот насловен „Какав отац такав син“. Една од поемотивните песни од албумот „Мали облак љубави“ е дует со неговиот син, гитаристот Звонимир Бебек.

Албумот „Мали облак љубави“ излезе во јуни годинава и се очекува да биде еден од најпродаваните домашни албуми. Претходниот сингл „Кчери моја“ Бебек ја посвети на својата ќерка Катарина.

Ова е најубавиот подарок за мојот роденден. Песната „Какав отац такав син“ е уште еден важен сингл од мојот нов албум, но и промоцијата на мојот син Звоне како пејач. Навистина сум среќен што спотот излезе на мојот посебен датум. Многу благодарам на сите што помогнаа да се направи видеото бидејќи навистина ме израдуваа, емотивно објасни Бебек.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....