Вечерва се одржа регионалната онлајн промоција на заедничкиот проект на „Destiny Quartet“ од Бугарија со Александар и Дац. Се работи за нов аранжман и видео за вонвременската „Јовано, Јованке“. Преработката е снимана на релација Скопје – Рим – Софија, а новиот аранжман е на Маурицио Абени од Италија.
„Destiny Quartet“ е во состав: Гергана Алексиева и Звезделина Халтакова на виолина заедно со Ивелина Туџарова на виола и Маја Михаиловска на виолончело.