24 ПРОМО: „Идила“ – Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски

Вчера вечер беше промовирана првата песна од новиот албум на Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Композитор на „Идила“ е Драган Ѓаконовски – Шпато (1931-1987), кој важи за зачетник на македонската забавна музика. Новиот аранжман е дело на Дуке Бојаџиев, кој ја придружува Каролина на пијано. Покрај Бојаџиев на пијано, вклучен е и битолчанецот Лумановски на својот кларинет.

Шпато е автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна музика и џез, почнувајќи од првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез-композиција насловена „Тема I“, што ја создал во 1947 година. Се сметал за извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе оркестри и групи.

„Идила“ е првата од  единаесет песни – преработки од нивниот заеднички албум. Идејата за овој албум се роди во 2016-та година, а оттогаш внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика, во комплетно нови аранжмани.
Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com