24 ПРОМО: “Слобода“ – Тамара Тодевска (АУДИО)

Тамара Тодевска дeновие  на радио станиците ја промовираше својата нова песна „Слобода“. Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов а аранжманот е на Дарко Димитров.

„Ова е песна за можеби најважната работа во животот, а тоа е слободата. Слобода да бидеш тоа што сакаш да бидеш и да го живееш животот онака како што сакаш да го живееш. Слобода да се изразуваш, слобода да се менуваш, да се трудиш да бидеш подобар човек но истовремено и да ги инспирираш другите да станат подобри. Слобода да разбереш, да простиш, да љубиш. Слобода да направиш грешка но да научиш од неа“, изјави Тамара за Женски магазин.

„Слобода“ е прва македонска песна од новиот, трет по ред албум кој треба да биде готов до крајот на летото. Предвидено е „Слобода“ да има српска и англиска верзија „Rise“.

Спотот премиерно ќе се прикаже за околу 2 седмици.

 

Повеќе на Музика24...