24 Промо: 2Be – “100 песни” (Видео)

Скопскиот поп-рок бенд 2Be дебитира на македонската музичка сцена со “100 песни”. Комплетен автор на нивниот прв сингл е Ѓорги Крстевски и неговата KM Entertainment. Триото 2BE го сочинуваат Љупче Стојановски – гитара и вокал, Тино Стојановски – гитара и Синиша Зукиќ – тапани и кахон.

“Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски”, велат од 2Be. Спотот за песната е снимен со техниката “one take” и е меѓу првите такви видео-записи во Македонија.

Изминатите две години 2Be активно настапува низ Македонија, и заедно со Александра Јанева ги реализираа преработките од проектот #summerjam.

Во продолжение погледнете го видео спотот за нивната прва песна на следниот линк: 2Be – “100 песни”.

Повеќе на Музика24...