24 Промо: Аделина Тахири – “Pergjithmone” (Видео)

Познатата македонска пејачка која што пее на албански, преубавата Аделина Тахири која што плени со својата убавина, стаз и глас, денеска на својот YouTube канал го промовираше најновиот видео спот за песната “Pergjithmone” или во предвод “Засекогаш”. Како што и самите ќе можете да забележите гледајќи го нејзиниот најнов видео спот за оваа песна, истиот е снимен во Кападокија, Турција.

Музиката за оваа најнова песна е на Дарко Димитров, текстот го напиша Петро Џори, додека за целокупниот изглед и стајлинг и секако да изгледа онака како што изгледа на видео спотот за Аделина се погрижи Арменд Рамадани. Интересно видео парче кое што се надоградува со одличниот текст на оваа поп балада, љубовна песна во која веруваме многумина ќе се пронајдат.

Видео спотот е во реализација на Макс продукција, а во продолжение, со задоволство Ви препорачуваме да го погледнете нејзиното најново видео, за кое верувајте, нема да зажалите.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.