24 Промо: Александар Тарабунов – “Нема крај” (Видео)

Александар Тарабунов – Тара деновиве промовираше нов сингл и видео запис. Станува збор за темата “Нема крај” која е негово лично авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.

“Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата “музичка кујна” е токму “Нема крај”. Aранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот”, откри Тарабунов.

Кадрите за видеото се снимени на две локации и тоа во Скопје и Преспа. Покрај Тарабунов во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.