24 Промо: Александар Тарабунов – “Senorita” (Видео)

Пејачот Александар Тарабунов деновиве го промовира својот нов сингл “Senorita” пропратен со видеоспот. Композитор на песната е самиот Тара, додека текстот е на Лука Ристиќ. Спотот е сниман на неколку локации во Скопје, а покрај Тарабунов се појавуваат: Барбара Поповиќ, Ивана Савовиќ и Бојана Арсовска.

“Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека “Senorita” е одлична увертира за она што допрва следува од мене”, вели Тарабунов.

Повеќе на Музика24...