24 Промо: Александра Јанева – “Одговор” (Видео)

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл “Срце отвори” поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна. Текстот на песната “Одговор” е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов = Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.

“За мене “Одговор” е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. “Одговор” е за изневерената толеранција, доверба, љубов”, вели пејачката за своето прво авторско дело. Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен “Срце отвори”.

Повеќе на Музика24...