24 Промо: Баклава – “Тиркиз” (Видео)

По успешната концертна промоција на новиот албум, кои што ја имаа во петокот во МКЦ, групата Баклава ви го презентира новото музичко видео за песната “Тиркиз”. Видеото е изработено од продукцијата на “091”, и режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска.

Музика: Елена Христова, текст: Сибо. Музичари: Елена Баклава – вокали, Дејан Теодосиевски – виолончело, Драган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука.

Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот. Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски. Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13-те бои од албумот:

Следуваат настапи за промоција на новиот звук на Баклава. Најпрво би ја издвоиле промоцијата на крајот на март на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е исто така под покровителство на Арс Ламина и во нејзините продавници ќе можете да набавите грамофонска плоча и компакт-диск. Од поважните настапи го издвојуваме учеството на овогодинешниот Оффест, во јуни.

Повеќе на Музика24...