Премиера

24 Промо: Божо Вречо – “Крилја” (Видео)

“Крилја” е новата песна на познатиот балкански етно-поп пејач Божо Вречо. Кога еднаш ќе ја слушнете оваа претешка балада и ќе ги чуете и сфатите зборовите, стиховите кои тој ги пее, оваа песна ќе стане токму онаа која ќе ви биде добро утро и добра ноќ. Како што и самот тој вели, оваа песна ја има напишано и отпеано токму во оние најтешки моменти, за кои веруваме и знаеме дека секој од нас барем еднаш или двапати му се случиле во животот.

Кому тој пее… незнаме, но оваа љубовна и емотивна балада која во секоја смисла на зборот се вклопува со видео спотот кој подолу ќе го погледнете носи и споделува една искрена и голема порака која Божо сака да ја сподели со сите нас.

“Песната “Крилја” ја напишав во еден теќок емотиве период и самата песна дојде како спас од тагувањето и жалењето за личноста која тоа не го заслужува. Во тој момент кога ја отпеав оваа песна знаев дека исто така ќе биде доживеана и примена од сите оние кои ќе се пронајдат во нејзините зборови, сите оние кои сакаат, сакале и ја преболеле својата љубов.

“Крилја” лечи, таа е бегство од темината, од луѓето кои не лажат, залажуваат и мамат. Од луѓето кои не не сакаат доволно и самодовербата дека љубовта во нас е таа која не прави силни. Она чувство кога некого сакате и кога вашата љубов е важна, не очекувајќи дека истата ќе ви биде возвратена. Нека љубовта во Вас биде ваша водилка и она што вас ве прави посебни, среќни па што и да се случи и кој и да ве повреди, бидете љубов!”, напиша овој познат автор и пејач под постираниот видео спот на неговиот YouTube канал.

Инаку песната е авторско дело и е дел од албумот “Мелек” издаден во 2018 година. Како што и самиот тој вели, видео спотот е сниман на две локации на рудникот за јаглен Какањ во местото Какањ, Босна и Херцеговина каде што за време на снимањето вработените во рудникот биле љубезни и соработувале за цело времетраење на снимањето на видеото.

Овој познат пејач веќе најави свој голем концерт во Скопје, во Македонската опера и балет и благодарение на македонската водечката продуцентска куќа Авалон продукција, сите негови фанови, обожаватели и сите оние кои сакаат да го слушаат и видат ќе имаат можност и ретка привилегија тоа да го направат на 23-ти февруари следната 2020 година.

А за што точно станува збор во неговата најнова песна и како изгледа неговите интересен и емотивен видео спот… слушнете и погледнете сами во продолжение:

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: