24 Промо: Елена Ристеска и Данијела Кариќ – “Срца се погреше” (Видео)

Елена Ристеска деновиве го претстави дуетот со својата српска колешка Данијела Кариќ, која се враќа на музичката сцена токму со темата насловена “Срца се погреше”. Авторка на новата песна е Александра Милутиновиќ со која Ристеска соработува веќе подолго време, а аранжманот и продукцијата се на нашиот Дарко Димитров. Интересно е тоа што иницијатор за оваа соработка бил танчерот Иван Милеусниќ, кој воедно е и свршеник на Данијела, а се појавува и во самото видео заедно со едни од најдобрите балетани во Србија – Нина Булајиќ, Олга Олчан, Милан Рус и Игор Грабовиќ.

Режисер на видеото е Милош Шаровиќ, а како изгледа и звучи оваа соработка на Елена и Данијела дознајте во продолжение. Уживајте!

Повеќе на Музика24...