24 Промо: Funk Shui – “Деца” (Видео)

На само еден ден пред одржувањето на големиот и традиционален музички фестивал во Скопје “All you nees is love” каде први ќе се појават на сцената и воедно започнат овогодинешното фестивално издание, познатиот македонски поп-рок бенд Funk Shui денес го промовираше најновиот сингл “Деца”, како и видео спотот за истиот.

“Ние сме деца на странство и разделба од тука до среќата”, вака гласи рефренот на нивната најнова песна, која многумина велат дека е малку поезија, малку уметност, малку повеќе музика, но во секој случај ова е само еден моќен реален текст. Ова е она кое што долго време сакавме и чекавме да го чуеме на македонската музичка сцена.

“Деца” е комплетно авторско дело на бендот во состав: Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Михаил Намичев (бас) и Давид Николовски (тапани), снимана во студио “Подрумот” на Ангел Ќосев. Во продолжение со задоволство ви предлагаме да го погледнете новото видео за најновиот сингл “Деца”.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...