24 Промо: Кирил Џајковски – “Music Man” (Видео)

Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го објави својот нов сингл “Music Man”. Новото дело на Кирил во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на “Филтер лабел”. Синглот е уште една соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката. Видеото е снимано на неодамнешното издание на “Skopje street festival”.

На 12-ти јули, водечкиот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на “Д Фестивал” во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Повеќе на Музика24...