24 Промо: Љубојна – “Севдо ле” (Видео)

Во текот на денешниот ден групата Љубојна го промовираше видео спотот за најновата песна “Севдо ле”. Како што напиша на Фејсбук вокалот на Љубојна, пејачката Вера Милошевска – Јосифовска, ова претставува прв сингл од најновиот албум на Џијан Емин и Македонската филхармонија кој излегува наскоро насловен “Phonic Silence”.

“Драги фанови, Тазе од “кујната” на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен Phonic Silence. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за се што ни треба”, напиша Милошевска на својот Фејсбук профил.

Инаку, музиката е дело на Оливер Јосифовски, текстот на вокалот и пејачката Вера Милошевска – Јосифовска. Миксот и Мастерингот на Ангел Ќосев од “Студио Подрумот”. Што се однесува до видео спотот, во истиот се појавуваат Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски. Зад камерата работеше Александар Ивановски – Роџо, додека како режисер на видеото се потпишува Сашко Потер Мицевски.

Во продолжение, погледнете го најновото видео од Љубојна.

Повеќе на Музика24...