24 Промо: Магдалена Ена Цветкоска – “Најдоброто” (Аудио)

Пејачка Магдалена Ена Цветкоска во изминатите години позната како текстописец, промовираше своја нова песна. “Најдоброто” излегува после 1 и пол година од последната песна. Автор на текстот и музиката е самата таа а аранжманот е на Лазар Цветкоски.

“Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените. Оваа песна е и најава за следните песни кои ги подготвувам, а ке бидат објавени во периодот што следува”, вели Цветкоска.

Магдалена веќе има подготвено уште неколку песни за неа, чиј автор е повторно таа.

Повеќе на Музика24...
1 Коментар
  1. AffiliateLabz вели

    Great content! Super high-quality! Keep it up! 🙂