Неодамна младото, симпатично и ново лице на бугарската музичка сцена Марио Михајлов ја промовираше својата прва песна “Добро момче”. Текстот и музиката се дело на Димитар Лефтеров – Mitko Beats, како и на самиот Марио. Режисер на видео спотот е Кристијан Боснов, додека пак истиот е снимен во Солун, Грција.
Како што го најавуваат бугарските медиуми, Марио Михајлов доброто момче со многу талент и сексапил, е дел од тинејџерската веб серија “Следи ме”, освен тоа, Марио е познат модел во Бугарија, одлично танцува и секако го сака пеењето. Тој неодамна го промовираше видео спотот за песната “Добро момче” кое што се надеваме во продолжение со задоволство ќе го гледате.
Уживајте!