24 Промо: “Next Time” – “Јовка Кумановка” (Видео)

Дуото “Next Time” во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи народната песна “Јовка Кумановка”. Преработката првенствено требаше да биде платена од буџетот на Општина Куманово, но компанијата “Екстра меин” одлучи да ја спонзорира и тоа да биде нивен подарок за 500-от роденден на градот.

За потсетување, “Next Time” претходно ги преработија “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”. Сите преработки се пропратени со високобуџетни спотови на кои се потпишува Огнен Шапковски и неговата “Мелем Продукција”. Аранжманот на песната е дело на Никола Мицевски.

Повеќе на Музика24...