Премиера

24 Промо: Теа Трајковска – “Бла, бла, бла” (Видео)

“Бла, бла, бла” е најновото музичко остварување на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска која полека, но сигурно работи и на својот прв деби-албум. Како и минатиот пат, така и овој пат довербата за новата песна Теа му ја додели на Лазар Цветковски, а како автор на текстот се потпишува токму таа.

“Секогаш се трудиме со Лазе да направиме нешто музички поинакво од претходно, а сепак стилски блиску до мене и досегашните музички остварувања. Овој пат ќе не слушнете во летно издание кое се надевам ќе се допадне на публиката”, вели Теа. Видеото е во режија на “Пирамид продукција”, односно младиот режисер Кристијан Шемко, кој има само пофални зборови за Теа.

“Соработката за песната “Бла, бла, бла” се случи сосем спонтано, како и нашето запознавање со Теа. Идеата за спотот е на Теа, при тоа што ни овозможи целосна контрола врз дирекцијата на спотот и естетиката. Теа е извондреден музички уметник со кого беше уживање да се работи, пред се мислам на професионалноста и нејзината извонредна глума, како и прифаќањето одредени сугестии во согласност со границите на уметничката слободна естетика. Голема благодарност до целиот тим на “Пирамид продукција”, која професионално овозможи спотот да непрекинето тече и технички да се задоволат потребите на артистот и режијата. Голема благодарност и до кореографката Додевска Бојана, која даде навистина одлични идеи и директно учествуваше во одредени маестрални сцени. Клучно за одличниот спот секако ќе напоменам одличната локација и атмосфера на целовкупниот тим. Се надевам со овој спот многумина артисти ќе се приклучат на новиот музички правец во Македонија, А тоа е да заеднички создадеме светски дела достојни за почит кај публиката”, изјави Кристијан.

Во продолжение, погледнете го најновото видео на Теа.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: