24 Промо: Викторија Чочороска – “Јаворе” (Видео)

Пред само еден ден младата и надежна македонска пејачка Викторија Чочороска го промовираше нејзиниот прв видео спот за песната “Јаворе”. Аранжманот на песната е дело на Никола Мицевски, познат по многуброните музички проекти наназад, кавалот во истата го свири Гоце Димовски, додека пак снимена е во студиото на Дејан Момироски “XL Momiroski”.Видео спотот го реализираше Дарио Јанковиќ и “General film studio”. “Јаворе” е стара македонска народна песна која што Викторија заедно со својот тим ја претставија и донесоа токму онака како што и се очекуваше, совршено.

Интересно е што токму оваа млада девојка го има отпеано женскиот вокал во големиот и последен хит на Некст Тајм “Ќе те питам бабо”.Таа е професорка по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Викторија како соло изведувач патот во музичките води го започнува како член на КУД “Дримкол” од Вевчани, каде што и ден денес е активен член во пејачката група “Каданка”, со која неодамна го снимија првото музичко ЦД “Долетало лично пиле”.

А како звучи оваа интересна македонска народна песна отпеана од Викторија, слушнете и погледнете во продолжение.

Повеќе на Музика24...