Александра Јанева пее за својата “комета” (Видео)

“Комета” е насловот на новата песна на Александра Јанева која во текот на денешниот ден (30-ти август) таа го промовираше на својот YouTube канал. Песната е комплетно дело на Иван Јованов – Ивајо, додека текстот е на Александра, пејачката која што од проект во проект се повеќе и повеќе позитивно не изненадува со стилот и начинот на песните, музиката и воопшто се она што е поврзано со нејзината музичка кариера.

Одличното видео е дело на Пинестал продукција, односно, позади камерата Ѓорѓи Вацев и на режисерското столче Пеце Здравковски. За што поточно станува збор, погледнете сами во продолжение и секако, уживајте.

Повеќе на Музика24...