Ален Хасановиќ повторно сними дует со преубавата Белма Карсиќ (Видео)

Ексклузивците на продукцијата “Гранд”, Ален Хасановиќ и Белма Карсиќ го претставија својот втор дует “Ко сам ја теби сад”. Откако пред две години го објавија својот прв дует со наслов “Док спава град” и тој одлично помина кај јавноста, а на YouTube брои речиси милион и пол прегледи, Ален Хасановиќ и Белма Карсиќ повторно ги споија силите и објавија нов дует.

Новиот дует “Ко сам ја теби сад” е авторско дело на Саша Диниќ (музика, микс и мастер), Ана Диниќ (текст) и Александар Саблиќ (аранжман), додека задните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ. Видеозаписот се снимаше на повеќе атрактивни локации во Скопје под режисерската палка на Армин Хасановиќ и видео продукцијата “АХ Медиа”, а истиот е веќе достапен на YouTube и на музичките телевизиските канали Гранд и Гранд2 каде се емитува на секој час.

Повеќе на Музика24...