“Безобразно” нова летна песна на Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ (Фото+Видео)

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата мкд сцена, песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја промоција, во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува двајца дечковци. Приказната има интересен сплет и убави моменти, а тоа што е безобразно ќе го дознаете подолу гледајќи го видеото:

“Спотот е сниман уште пред да започне пандемијата, но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине. Се снимаше во Охрид во преубав и атрактивен хотел”, велат Роберт и Дејан. Текстот е на Дејан и Роберт, музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.

За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоу биз како кај нас така и во соседството. Во видеото женската улога и припадна на младата и убава манекенка Елена Ѓорговска.

“Наскоро може да очекувате нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето”, низ насмевка ни порачаа Роберт и Дејан.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com