Биба Додева ја преработи “Скопје” од “Леб и Сол”

Македонската пејачка и активистка Биба Додева сними нова верзија на познатата “Скопје” од култната група “Леб и Сол”. Песната е дело на Влатко Стефановски и Горан Стефановски од 1987 година.

“Големо благодарам за поддршката од Влатко Стефановски за да ја преработам оваа песна во мој стил, кој рече дека е добра идејата за да ја преработиме во Gipsy Jazz. Благодарам на баце Дојчин Владимир Дојчиновски, кој ја долови во мој стил и го преработи целиот аранжман на песната за да наликува на енергијата и сензибилитетот на онаа Биба која вие сте навикнати да ја слушате. Ведра, насмеана и полна со енергија и љубов! Се надевам дека ќе уживате во песната!”, напиша Додева на социјалните мрежи.

Повеќе на Музика24...