Ем млади, ем талентирани: Битолчаните “Уникат Бенд” го промовираат првиот видео спот (Видео)

“Лето, ти и јас” е насловот на најновата битолска летна песна, која ја изведуваат дечките од “Уникат Бенд”. Како што велат ова е нивна прва авторска песна, но работат и на други нови песни кои треба да излезат во наредниот период.

“Ова е само почеток на она што го подготвуваме, гледаме дека младите сакаат да слушаат македонска музика, па се одлучивме да работиме на тоа да создаваме нови авторски македонски песни”, посочи фронтменот на “Уникат Бенд” Пеце Тодоровски.

Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, а текстот го напиша Дарко Јоцковиќ – Шабац, песната е снимена во Гимел Студио – Битола. Спотот е снимен на локации во Охрид и Преспа, како што велат тие снимањето им одело континуирано и меѓудругото истакнаа дека се задоволни од соработката со “АХ Медиа” односно Армин Хасановиќ, брат на популарниот пејач Ален Хасановиќ кој го комплетно го реализираше видео спотот.

“Уникат Бенд” моментално работат на уште три песни и два видео записи со што ќе го најават и нивниот прв албум, а ќе настапат и на фестивал во Петрич, Р. Бугарија. За оваа песна “Лето, ти и јас” на овогодинешниот “Канео Фест” во Охрид, добија трето место од стручното жири.

“Уникат Бенд” продолжува со својата работа, нивната нова авторска песна ќе ја презентираат на овогодинешното издание на “Охрид Фест”, а до тогаш за ова лето на публиката им ја препорачуваат “Лето, ти и јас”.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...