ЕМОТИВНО: „Црвена јабука“ му посвети песна на својот графички дизајнер (Видео)

„Црвена јабука“ го претставија спотот за песната „Небеско платно“ од актуелниот албум „Тврџава“, која му посветена на култниот сараевски графички дизајнер Давор Папиќ. Давор загина во сообраќајна несреќа во Холандија во 2017 година. Тој меѓу другото, беше автор на повеќето корици на групата „Црвена јабука“, а по неговата смрт групата одлучи сите нивни корици да бидат во црна или бела боја на кои е напишано името, без никакви други придружни содржина.

Спотот беше снимен во Сараево на локации за кои Давор беше сентиментално приврзан: од Скерличева (денес улица Јосипа Ванкаша), преку Втора гимназија, Кафе „СОС“, до Академијата за ликовни уметности. Ликот на Давор го игра младиот актер Вељко Џоковиќ, а покрај него видеото го комплетираа академскиот сликар Адин Хебиб, музичарите Ларис Пажалиќ и Рафаел Андабак, текстописците Мирко Шенковски – Џеронимо и Драгана Кајтазовиќ – Шенковски, како и младите актерки Исидора Давидовиќ и Тијана Пелемиќ. Видеото носи поинаква димензија во приказната. Со оваа видео-приказна „Црвена јабука“ му оддава почит не само на Давор но и на другите легенди во Сараево како Мирза Делибашиќ, Кемал Монтено и Даворин Поповиќ.

„Кога го снимавме спотот за песната „За један загрљај“ од последниот албум, седнавме да одмориме некое време. Ни пријде еден млад човек и го праша Жера дали го препознава. Тоа беше синот на покојниот Давор Папиќ. Во срдечен, но тажен разговор, тој побара од нас да направиме песна за неговиот татко. Морам да признаам дека тоа воопшто не беше лесна задача, но му реков дека ќе дадам се од себе. Деновите поминаа а ја имав таа средба и ветување во мојата потсвест. Еден ден седнав да пишувам и завршив сè за еден час. Веднаш му го испратив демото на Жера, па си легнав на мојот стол гледајќи во празно некое време. Пред да станам, погледнав на Интернет и наидов на веста дека Давор е роден токму тој ден. Беше на 20-ти мај 2020 година. Замрзнав за момент. Тој ден дефинитивно сфатив дека ништо не е случајно и затоа сум за оваа песна посебно врзан.“ – вели Мирко Шенковски – Џеронимо кој е автор на текстот и музиката на песната.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com