Данијела Мартиновиќ со роденденска преработка на хитот “Свилени” (Видео)

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ по повод својот роденден (15-ти јули) промовираше преработка на песната “Свилени” од 1991 година. Преработката ја испеа заедно со swing триото “Gelato sisters”. Песната е дело на парот Тончи и Вјекослава Хуљиќ.

“Кога пред една година јас и Томислав Модриќ го подготвуваме списокот на песни кои ќе се најдат на албумот “Неописиво”, за многу песни не се сложувавме, но едно од почетокот беше сигурно – “Свилени”. Тоа е неизоставен дел од секој мој репертоар”, изјави поранешната пејачка на “Магазин”.

Повеќе на Музика24...