Дино Мерлин на Нова година го промовираше дуетот со Сенида (ВИДЕО)

Само два месеци по освојувањето на регионалната сцена со долгоочекуваниот сингл и спот „Ми“, сараевскиот музички волшебник, Дино Мерлин, влегува во новата година со музичка сензација. За време на синоќешниот онлајн пречек на 2021-ва година, тој го претстави дуетот со Сенида, „Dođi“. За помалку од дванаесет часа од објавата на песната, таа веќе има над 300 илјади прегледи и веќе е во тренд на YouTube. Нема сомнение дека „Dođi“ ќе го повтори радио и Интернет успехот на хитот „Ми“, кој е прегледан скоро 14 милиони пати на YouTube за шеесет дена. Спотот е снимен во Сараево и Лукомир, а го режираше словенечкиот режисер Кукла, кој исто така го потпишува спотот за мегахитот „Ми“. „Dođi“ наскоро ќе се најде на тринаесеттиот албум на музичкиот виртуоз Дино Мерлин.

-„После долгата и исцрпувачка турнеја со „Хотел Национал“, се обидов повторно да го пронајдам својот мир, пауза од светот и луѓето, па решив да отпатувам во голем град каде што се обидов да се вратам на самиот себе, само за да откријам дека не можам да бидам сам. Така настанаа првите стихови од оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како ехо и втор глас.“ – вели Дино Мерлин.

Самата најава за оваа неочекувана музичка соработка на социјалните мрежи предизвика ерупција на ентузијазам и емотивни пораки. Промотивниот клип на самата песна од 15 секунди дури заврши во тренд листата на најгледани видеа на YouTube  во регионот за еден ден.

-„Работата со Дино е остварување на сонот, ова е сè за мене, моето срце е исполнето кога заедно ги слушаме нашите гласови. Уште еднаш си докажав дека се што сакам со целото свое битие и душа е остварливо. Ништо не е невозможно и сега можам слободно да сонувам.“ – вели за соработката, словенечко-црногорската артистка Сенида Хајдарпашиќ.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com