ДНК ја промовираа “Ромео и Јулија” (Видео)

“Ромео и Јулија” е насловот на новата песна на ДНК, И како што велат тие, ако се уште не сте ја слушнале песната и не сте го виделе спотот, сторете го тоа веднаш, колку да не сте во заблуда дека станува збор за романтична балада. Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува 5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.

Видеото, пак, е работено со Cherry Cannon Studio. Извршни продуценти се Панчо и Илија Димкоски, кој стои и зад режијата, сценариото и воедно е и директор на фотографија. Зад камерата, пак, овој пат застанаа Моника Павловска и Андреј Бранковиќ, а како уредник се потпишува малосамо. За шминката стандардно беше задолжена долгогодишната соработничка на ДНК Елеонора Марк. Стилист е Богдан Ѓаковиќ МИНУС1, додека асистент на продукција е Марко Ивановски.

Во кадрите кои се снимени во клубот “Епицентар”, освен момците од ДНК (Панчо и Андреј), се појавуваат и танчарките од студиото “Twerk Low Z”, Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), моделките Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл за НБА – Перо Антиќ.

Веројатно, сето ова е сосема доволно инспиративно за да се слушне песната и погледне видеото, кое само по себе е прилично уникатно и нешто досега невидено на домашен терен.

“Се трудиме секогаш да сме поразлични во она што го правиме, и кога станува збор за музиката, но и кога се во прашање спотовите. Имаме одлична екипа со која, пред се, одлично се забавуваме на снимањето, но и екипа која даде се од себе да имаме совршен финален производ. Има благодариме на сите кои се дел од оваа приказна. Веруваме во “Ромео и Јулија”, вели Панчо.

Во продолжение, уживајте во песната и видео спотот…

Повеќе на Музика24...