Дупер ја промовираше новата песна и видео спот (Видео)

“Ние сме 2 многу одамна, а ти си досадна”, гласи рефренот на новата песна на Дупер, песна со која што веруваме исто така ќе се будите и заспивате. Оваа така лесна, едноставна, интересна, а сепак заразна песна е дело на дечките од групата Дупер, кој заедно сите тројца се потрудија да звучи онака како што звучи. Песната е снимена во студио “Подрумот” кој беа задолжени за миксање на истата.

А што се однесува до видеото… е тоа е посебна приказна. Исто како и за првиот видео спот, со кои тие едноставно преку ноќ станаа познати, така и со ова ново видео трето по ред. Интересно, впечатливо, оргинално, и помалку смешно и лудо. Видеото го реализираше Томи Акимовски, зад камерата снимаше Томислав Живковиќ, додека за монтажата и сите детали во видеото беше задолжен Иван Костадинов.

Што друго да кажеме, освен да уживате 🙂

Повеќе на Музика24...