Еко логистик сервис општествено одговорна компанија која бесплатно ја врши својата услуга

Како што многу други медиуми започнаа и ја подржаа акцијата за бесплатно рекламирање и промовирање на компаниите што бесплатно доставуваат храна и се она што вам ви е потребно, и ние од музичкиот портал Музика24 ја поддржуваме оваа акција и воедно во истата и се вклучуваме промовирајќи ја компанијата, поштата Еко Логистик сервис.

Како што не известуваат од таму, нивната подрачна канцеларија во Кочани бесплатно достави пакети храна и хигиена на социјално загрозени семејства од Кочани, обезбедени од здружението “Green”.

Еко Логистик сервис како општествено одговорна компанија, користејќи ги своите капацитети ги презема и достави хуманитарните пакети до ранливи категории граѓани во општината. Меѓудругото, еко-поштата е единствена во Македонија што користи исклучиво еколошки горива за своите возила, како што се метан и течен нафтен гас (пропан/бутан) кои немаат зголемена емисија на штетни издувни гасови при согорувањето.

На поблиски дестинации поштата користи електрични скутери и велосипеди, работејки во склад со заложбите за намалување на загадувањето и зачувување на здрава животна средина.

Повеќе на Музика24...