Премиера

Епизодите “Roomania” на Room 313 ќе промовираат звук комплициран по својата едноставност (Аудио)

Промотерската асоцијација Room 313 започна со објавување подкасти под името ‘’Roomania’’, на нивниот soundcloud профил.

“Ова е идеја и име кое сакавме да го претвориме во настани пред повеќе од една година. Имавме некои почетни организации и пробни изданија во локали, но новонастанатата ситуација не ни дозволи да ја воздигнеме целата организација на еден повисок левел. Новото нормално и зголеменото користење на платформата SoundCloud не натера да почнеме да ја реализираме нашата идеја таму”, вели Самарџиски од Room 313.

Се работи за стил кој извира од романската андерграунд сцена и доби големо признание последните години. Овој епски звук не само што го дефинираше својот неверојатен под-жанр, туку и се етаблираше на глобално ниво. Едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, овој звук отвара нови канали на свест за тие што слушаат. Музиката е суптилна и етерична, проследена со скромни ефекти врз суровите звучни тапани и минималистички основни линии. Романските продукции и миксови имаат тенденција да бидат подолги, бидејќи се претпочитува повеќе часовна музика, наместо краток сет со многу високи и ниски падови. Нема големи дропови, но има континуирано и долго “патување” со музиката.

Во првата епизода на серијалот Roomania гостин е DJarto, сo 93 минутен сет. Djarto e ретко активен DJ кој непрекинато следи музички изданија. Неуморен вљубеник на патувањето и често присутен на романските фестивали. Може да се каже дека романските изданија ги има од “прва рака”.

https://soundcloud.com/room-313/roomania-1-djarto

Бидејќи не е мејнстрим жанр, кој навистина го сака овој звук, го наоѓа.

Можеби ќе ве интересира: