Eye Cue ја промовираат најновата “Too Late” (Аудио)

Eye Cue го продолжуваат патот кој го започнаа оваа 2019 година и во интензивно темпо промовираат нова музика и нови песни. На ред е “Too Late” сингл кој е еден од серијата снимени во Лондон каде тие престојуваа поголемиот дел од оваа година. Песната го следи нивниот свеж звук со една ритмична динамика која пумпа возбудување кај слушателот.

Евидентно е нивното влијание од новата средина и тоа недвосмислено се пренесува во начинот на интерпретација и целокупниот пристап кон создавање на музиката која ја слушаме од нив во последно време. Дали на повидок е албум останува да видиме, а во меѓувреме може да ја слушнете нивната најнова песна.

Новата песна можете да ја слушнете со клик на следниот линк: Eye Cue – “Too Late”.

Повеќе на Музика24...