“Гран Турисмо” нова песна со видео спот од Таско (Видео)

После емотивната балада “Убиј ме”, која беше голем хит летово, Таско пред почетокот на новата сезона ја промовира новата песна “Гран Турисмо”, а воедно и видео спотот за истата. Велат тимот што победува не се менува, па така и овој наш познат македонски артист ексклузивец на Урбан Рекордс, и оваа песна ја подготви со веќе добро познатата екипа.

Музиката, аранжманот и миксот се дело на Иван Јованов – Iwayo, додека текстот овој пат е целосно напишан од Таско. И овој пат режисер на видео спотот е Гордан Божиновски соработник на оваа нова екипа млади познати артисти и God Eye Production која што се потпишува на ова видео.

Динамично, интересно и провокативно видео кое што е снимено во Скопје, а во истото се употребени и делови од концерти и настапи каде Таско досега настапувал. Да не раскажуваме и одолговлекуваме, видеото погледнете го продолжение со клик на името на песната:

Таско – “Гран Турисмо”.

Повеќе на Музика24...