Групата “Баклава“ го промовираше новиот албум

По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата “Баклава“. Јубилеен со своите четири страни. Богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница.

„Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека е ова најдобриот албум што сме го направиле до сега, и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас, и сите што го поддржуваа на било каков начин. Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крила.“ – велат од “Баклава“.

Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои:

TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА.

Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти.

Албумот се снимаше во различни студија: “Tralala”, “Enterprise”, “Alshar”, “Chicken Madness”… Елена, која најчесто беше и аранжер, покрај неа беа и продуцентите Мите Димовски, Тино Скендеровски, Ивица Јанкуловски, Andreas Hz, Дарко Спасовски, Горан Кан, Бојан Угриновски… Мастерингот за LP на крај го направи Мите Димовски.

Фантастичниот дизајн на омотот и целата естетика воопшто е на Нерсес Малакјан. Овој албум ќе се издаде и на грамофонска плоча.

 

Повеќе на Музика24...