“Happy End” заљубени и пејат на нивната “Ивана” (Видео)

“Зошто чекаш љуби ме ти…” пејат “Happy End” во нивната најнова песна посветена на нивната љубов, за вашата, нашата “Ивана”. Песната чија промоција ја правиме токму ние на музичкиот портал Музика24, е дело на Ташко Грујовски чие дело е музиката и аранжманот, текстот го напиша Огнен Неделковски, за мастерингот се погрижи добро познатиот Бобан Василевски, додека видеото кое што е реализирано во Скопје е под режисерска палка на Владислав Гавриловски.

“Happy End” кој што е еден од најдобрите и најбарани бендови во Македонија, за идниот период велат дека сакаат и планираат да продолжат со настапите низ цела Македонија, секако, доколку тоа е секаде возможно. Планираат да снимаат уште многу авторски песни, а меѓудругото за музичкиот портал Музика24 велат дека би сакале што побргу да ја надминеме пандемијата и вирусот Ковид-19 да биде наше минато, а секако нашето секојдневие да продолжи онаму каде што и застанавме пред сета оваа непосакувана ситуација. Најавуваат многу забави во текот на летниот период и дружење со фановите и нивната музика.

Повеќе на Музика24...