Премиера

Хус од „Парни ваљак“ ја промовираше својата прва соло песна (Видео)

Основачот и автор на повеќето песни на групата „Парни ваљак“, Хусеин Хасанефендиќ – Хус, се претстави пред публиката во малку поинакво светло односно во поинтимно издание. „Пјесмица“ е негово прво кантавторско дело, иако како композитор и текстописец со децении е на самиот врв на регионалната музичка сцена.

„Пјесмица“ е нежна, но позитивна и весела и зборува за самото потекло на песната што не е толку лесно да се напише во денешно време, а камоли да се пее. Со него, слушателот ќе сонува, ќе размисли за некои носталгични моменти, но исто така и ќе танцува, ќе се чувствува позитивно, што е само добредојдено во време на коронавирус и глобална социјална и секоја друга криза. Неговиот карактеристичен вокал ќе ве потсети на некои други времиња.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: