Јордан Митев промовира спот за неговата најнова песна “За тебе” (Видео)

Фолк-пејачот Јордан Митев го промовира спотот за неговата најнова песна “За тебе”. Видеото е снимено на неколку локации во Милано, а го работеше “Zati”. Песната е со модерен фолк-звук, а нејзин комплетен автор е Митев.

“Спотот го снимавме во Милано, бидејќи самата песна и нејзиниот помодерен звук го дозволуваат тоа. А се пее за љубовта, па затоа овој град беше идеална локација за снимање. Ова во исто време покажува дека и нашиот фолк може да ги следи модерните трендови, ако тоа добро се спакува. Музичарите треба да се позанимаваат со нешто што е својствено за 2019 година, да се доближат до помладата публика”, вели Митев.

Пејачот најави дека за неколку дена ќе промовира уште една песна “Роден крај”, но и дека наскоро ќе оди на турнеја во Австралија која ќе трае месец и пол.

Повеќе на Музика24...