Јутуберите GP и Стефонатор со песна Ви посакуваат Среќна нова година (Видео)

Насекаде владее предновогодишната атмосфера, еуфорија и секаде некој некаде брза да купи подарок за саканата личност, пријател, другарка или познаник. Без брзање и речиси во 3 минути, познатите македонски јутубери GP (Џи-Пи) и Стефонатор Ви посакуваат Среќна нова година. Тие вчера вечер на своите YouTube канали ја промовираа најновата и втора заедничка по ред песна “Нова година”.

Песната е компетно дело на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, додека пак аранжманот и мастерингот се дело на Иван Јованов – Ивајо. Со самата промоција на песната, тие истовремено промовираа и видео спот за истата, во која освен двајцата јутубери кои пејат за своите сакани, се појавуваат и двете прекрасни девојки Тамара Златинова и Стефани Марковска. Видеото го снимаше и реализираше Томислав Живковиќ.

Предновогодишно, еуфорично, предпразнично… слушнете ја нивната најнова песна и погледнете го видео спотот…

Уживајте!

Повеќе на Музика24...