Музика во книга: „Солунска 28“ – Неле Карајлиќ (Фото+Видео)

Специјализираниот македонски музички портал – Muzika24.mk во соработка со издавачката куќа Арс Ламина, продолжува со рубриката „Музика во книга“. Оваа среда во рубриката која предизвика голем интерес кај нашите читатели, Ви ги претставуваме првите два дела од триологијата „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ.

Откако ја освои литературната Лига на шампиони со својот „Фајронт во Сараево“, некогашниот фронтмен на „Забрањено пушење“ во 2018 година го претстави својот прв вистински роман – Солунска 28: за парите и за страстите. Во првиот дел од триологијата, Неле не носи во Белград на почетокот на дваесеттиот век, каде се одвива приказна што никој досега не ви ја раскажал, и без која нема сериозна историја на градот на сливот на Сава и Дунав. Комбинирајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магичен реализам и новиот надреализам на Сараево,  д-р Карајлиќ ни ја раскажува историјата на куќата на улицата на Дорчол и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на самата граница на животот, смртта и вечност. „Солунска 28“ е возбудлив роман за возбудливите времиња што ќе го прочитате во еден здив, од првата до последната страница, а потоа ќе сакате повеќе. Извонредноста на првиот роман на Неле е потврдена со српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Желбата за повеќе, Неле им ја исполни на читателите во 2019-та година кога излезе и вториот дел од триологијата.

Вториот дел наречен „Солунска 28: за пријателството и предавството“ е посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорчолската куќа на брегот на Дунав. Д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на улица „Солунска“ бр. 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.

Двата дела на „Солунска 28“ се достапни за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. БуњаковецГТЦВеро ЦентарСити молул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com