“Намазана” – втора хит песна на Сузана Гавазова наменета за балканскиот музички пазар (Видео)

После првата песна “Хало” која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар. Со првата песна и видео спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуа на телевизиите Прва, Гранд, Пинк…, а и големиот број прегледи и коментари за “Хало”.

Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект. Имено, новитетот на нашата пејачка е насловен “Намазана” (Намачкана), а тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, додека видеото го работеше “НН медија продукција”.

Во спотот Гавазова е ултрамодерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна. Песната беше официјално промовирана во емисијата “Гранд коктел”, а освен тоа, Гавазова гледачите ги почести и со неколку стари македонски народни песни кои ги отпеа во живо. Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници.

Повеќе на Музика24...