Необично промовирана “Бенг, бенг” на Благој Маротов, низ крушевските улици (Видео)

На сосема необичен начин, со промоција на нова песна од својот автомобил, за време на прошетка со возење низ Крушево, македонскиот музичар Благој Блаж Маротов вчера, на Илинден, преку фејсбук “ин лајв” пред македонската јавност ја промовираше композицијата “Бенг бенг”.
По ова необично преслушување на песната, и спотот беше промовиран во првиот и најстар крушевски етно ресторан “Шапе”, пред присутните гости. Аплаузи следуваа за Маротов, кој е комплетен автор на песната и креатор на спотот.

Две промоции за една недела. Имено, во средата, на 29-ти јули, медиумски ја промовираше медитеранската мелодија “Роман за нас”, на хрватски јазик, инспирирана и посветена на легендата Оливер Драгојевиќ. И оваа песна носи негов авторски потпис, а во изработката на спотот асистенција доби од Бојан Маротов и Лена Заткова Маротов.

Слободно може да кажеме дека познатиот македонски музичар неуморно работеше за време на пандемијата, и откако подготви неколку македонски етно преработки за проектот кој допрва следува, “Класика М” , ја компонираше песната “Бенг бенг” како и “Роман за нас”, на хрватски јазик, која наиде на прием и кај македонската публика и кај одредени хрватски медиуми, кои го интервјуира музичарот.
Нешто ново ќе следува и наскоро, а до крајот на годината во финална фаза влегува и етно албумот “Класика М”, македонско етно преточено во нова верзија.

“Карантинските денови во мене предизвикаа наплив на креативност и со лесно ги направив нови мелодии. Првите импресии од песната “Роман за нас”, која стана мета на интерес и тема на пишување и во одредени хрватски медиуми, освен во македонските, се охрабрувачки, за да продолжам да компонирам и во тој правец. И токму така, два правци ќе задржам во иднина, едниот е оној кој генетски повеќе ми лежи, но ќе оставам публиката да го каже своето и за хрватските мелодии што ќе следуваат. Отворам ново поглавје и се што ќе правам во иднина ќе биде сосема поразлично од се останато досега што публиката навикнала да го гледа од мене, а ветувам и ќе бидам и поактивен”, најави Маротов.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com