Премиера

Нов артист на македонската хип-хоп сцена (Видео)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 како и секогаш досега, и овој пат, им излегува во пресрет на новите и млади македонски музичари и сите оние кои се занимаваат и создаваат македонска музика. Овој пат ви го претставуваме младиот хип-хоп артист D Key (Дики) кој ни доаѓа од Струга и кој го одбра нашиот медиум за промоција на неговата прва песна и видео спот.

Станува збор за песната “Нека гледаат” кој што овој млад хип-хоп артист ја создава во соработка со продукцијата “TNT” од Струга, како и MZ Studio и Dionatic. Освен оваа песна, D Key најавува дека наскоро во македонскиот етер ќе бидат пуштени уште две нови песни заедно со видео спотови. А во продолжение, ви предлагаме да го погледнете неговото прво видео издание за неговата пева песна.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: