Објавена нова Божикна каланда „Христос се раѓат, на светот радост!” (Фото+Видео)

Во прекрасните предели на Галичник и во манастирските одаи на Бигорската Обител, со благослов на епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки“, се подготвуваше уште еден видео запис за новата Божикна каланда „Христос се раѓат, на светот радост!”.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност. Коледарските песни, каландите, се пееле во периодот од Бадник до Василица, односно со нив се прославувал и почетокот на Новото лето Господово, кој е, секако, поврзан со Раѓањето на Спасителот Христос.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на: Дејан Пројковски (режисер), Горан Наумовски (директор на фотографија), Стојан Стојановски & Кристијана Ангелоска (Монтажа и камера оператор), 2С Студио (продукција), Студио „Подрумот“ (снимање, миксање и мастеринг), Ангел Ќосев (Музички инжинер) и Оливер Јосифовски (Аранжман).

Во спотот се појавува познатиот актер Мето Јовановски, а каландата е во изведба на „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”. Останатите вокали се Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов. На инструменти учествуваа: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com