Премиера

Освежување на македонската сцена: Дина Јашари – „Копнежи“ (Видео)

Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Со инзвореден пристап кон пишувањето на песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Денес го промовира спотот за новата песна „Копнежи“ направен во соработка со Кокос Продукција. Режијата и камерата е потпишана од Кристијан Караџовски, а монтажата е на Андреј Ристевски. Спотот е снимен во месец април и мај 2021 година.

Дина во моментов го спрема и своето прво EP издание, а наскоро публиката ќе има можност да ја види во живо во повеќе градови низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира: